Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во гостувањето на албанската телевизија СОТ7, во разговор со новинарот Илир Шута, зборуваше за политиката на Бугарија кон македонската заедница во Албанија и за обидите, како што истакна, да се создаде бугарско малцинство во областите каде што живеат Македонците. Стерјовски оцени дека бугарската стратегија особено. Стерјовски оцени дека бугарската стратегија особено се засилила по зачленувањето на Бугарија во Европската Унија, додека притисокот врз Албанија, според него, станал особено изразен во периодот кога земјата се подготвувала за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Според Стерјовски, признавањето на бугарското малцинство во Албанија во 2017 година било резултат на политички притисок врз земјата и компромис на албанската политичка сцена, иако, како што истакна, такво малцинство не било регистрирано во првите 100 години од постоењето на албанската држава, ниту на пописите спроведени во земјата до 2017 година.