Високите температури ова лето во Албанија условија рекордна потрошувачка на електрична енергија, додека тимовите на операторите за преносен и дистрибутивен систем, истовремено се соочуваат со тешки ситуации создадени од пожари во близина на трафостаници и далноводи. Според министерот за инфраструктура и енергетика, Енеа Каракачи, на 12 август 2026 година е забележан нов рекорд на дневна потрошувачка, со околу 27.809 мегават часови, или 5 отсто повеќе од претходниот рекорд од 13 август 2025 година. Просечната дневна потрошувачка за периодот од први до 12 овој месец, исто така, достигна 25.787 мегават часови, што е за околу 22 отсто повеќе од просекот за август 2025 година -Јули и август 2026 година ги одбележаа највисоките нивоа на дневна потрошувачка, со 26.488 и 27.809 мегават часови, соодветно.