Јавните превозници во Албанија, од утре, 1 септември, најавија редукција на автобуските линии, поради високите оперативни трошоци и нереализацијата на надоместокот за гориво, што им го ветила владата. „Принудени сме да работиме со возен парк намален за околу 20-30%, возависност од финансискиот и оперативниот капацитет што секој оператор моментално го има на располагање. Одлуката ја донесовме по континуираните барања до надлежните институции за продолжување на периодот за компензација за нафта за најмалку три месеци, бидејќи трошоците за работа со полна флота се неподносливи, стои во објавата на Националното здружение за урбан транспорт и Здружението за урбан и меѓуградски транспорт.