Aлбанскиот премиер Еди Рама повика на нов пристап од Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, тврдејќи дека постепената интеграција е најреалниот начин Албанија да се приближи кон ЕУ. Зборувајќи на форумот „Intelligence on the World, Europe and Italy“, на панелот „Агенда за Европа“, Рама рече дека на Албанија не ѝ е потребно право на Aлбанскиот премиер Еди Рама повика на нов пристап од Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, тврдејќи дека постепената интеграција е најреалниот начин Албанија да се приближи кон ЕУ. Зборувајќи на форумот „Intelligence on the World, Europe and Italy“, на панелот „Агенда за Европа“, Рама рече дека на Албанија не ѝ е потребно право на вето за да седне на масата на ЕУ. Рама ја поддржа идејата за постепена интеграција, предлагајќи земјите-кандидатки првично да бидат вклучени во конкретните делови од европската интеграција. Според него, ова треба да започне со заедничкиот пазар, универзитетите, научните истражувања и другите механизми за соработка, без да се чека полноправно членство. Рама додаде дека отстранувањето на ветото како елемент на членството ќе го олесни процесот и за Европската Унија и за земјите од Западен Балкан.