Температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат во текот на денешниот ден во Грција, што дополнително ќе се зголемат за викендот, а според прогнозите, земјата, веројатно, до средината на следната седмица ќе биде зафатена од мини топлотен бран, што во одредени делови ќе донесе и температури од над 40 степени – јави дописничката на МИА Температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат во текот на денешниот ден во Грција, што дополнително ќе се зголемат за викендот, а според прогнозите, земјата, веројатно, до средината на следната седмица ќе биде зафатена од мини топлотен бран, што во одредени делови ќе донесе и температури од над 40 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот портпарол на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, во интервју за државната телевизија ЕРТ посочи дека пожарникарите се во состојба на оперативна подготвеност „во пресрет на новите метеоролошки прогнози за високи температури, кои во комбинација со влагата, со засилените ветрови, може да создадат проблеми“. Како што е познато, имаме 110 дрона во целата земја, кои ги надгледуваат чувствителните и стратешки важните подрачја во целата земја, меѓу кои и шумските екосистеми.