Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш, пренесе Индекс.хр. Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив оттогаш го напуштиле подрачјето или, доколку се локални жители, заминале кај членови на семејството. Стејскал вели … Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш, пренесе Индекс.хр. Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив оттогаш го напуштиле подрачјето или, доколку се локални жители, заминале кај членови на семејството. Стејскал вели дека службите се подготвени доколку има потреба од дополнителни евакуации, но во моментов не очекуваат тие да се случат.