Косовскиот премиер во технички мандат, Албин Курти, ја отфрли можноста за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), како што побара Белград, оценувајќи дека тоа би била структура „слична на Република Српска во Босна и Херцеговина“ што внатрешно би ја поткопала државноста, независноста и функционалноста на Косово, пишуваат денес косовските медиуми на српски јазик. Бриселскиот. Бриселскиот договор за принципите што ја регулираат нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово беше потпишан на 19 април 2013 година, а преговорите ги водеа тогашните премиери на Србија, Ивица Дачиќ, и на Косово, Хашим Тачи, под мандат на високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон.