Вкупната вредност поврзана со утврдените прекршоци изнесува 92.000 евра, а беа изречени казни од 43.000 евра.
„Контролата продолжува со детални проверки на компаниите - прекршувачи со дополнително користење и вкрстено проверување на расположливите даночни податоци и, каде што е потребно, проширување на контролите на претходни даночни периоди кои досега не биле предмет на контрола, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.