„Мртво бебе на околу осум-девет месеци, смрзнато и ставено во сад, скриен во куфер, доцна синоќа беше пронајдено во стан во центарот на Атина, а денешната обдукција покажа дека било убиено со најмалку десет убоди од нож во пределот на грбот, а целиот случај ја шокираше грчката јавност и поради тоа што во станот се Мртво бебе на околу осум-девет месеци, смрзнато и ставено во сад, скриен во куфер, доцна синоќа беше пронајдено во стан во центарот на Атина, а денешната обдукција покажа дека било убиено со најмалку десет убоди од нож во пределот на грбот, а целиот случај ја шокираше грчката јавност и поради тоа што во станот се наоѓало и 15-годишно бремено девојче, јави дописничката на МИА од Атина.
Доцна ноќта кон понеделникот по пријава до полицијата од сопственикот на станот дека оние кое го изнајмиле му должат пари, но и дека најверојатно користат дрога, полицајците извршиле проверка и целиот случај излезе на виделина.
„Во станот биле шест лица: 43-годишен Грк, 38-годишна Германка (веројатно негова сопруга или партнерка), 26-годишен Авганистанец и три малолетни деца: 15-годишно бремено девојче и две момчиња на возраст од 9 и 12 години, а кога полицајците извршиле претрес на куферите, во замрзнат сад било откриено и мртвото бебе.