На влијанието на ситуацијата на Блискиот Исток врз стабилноста на Европа, на потребата ЕУ да остане обединета со цел да стане посилна и побезбедна, но и на ситуацијата во Источниот Медитеран и односите на Грција со Турција се осврна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од На влијанието на ситуацијата на Блискиот Исток врз стабилноста на Европа, на потребата ЕУ да остане обединета со цел да стане посилна и побезбедна, но и на ситуацијата во Источниот Медитеран и односите на Грција со Турција се осврна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна порача дека Грција не претставува закана за никого и не прифаќа ничии сугестии за прашањата поврзани со нејзината одбрана, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Кошта се сретнаа попладнево во Премиерскта палата во Атина во рамките на турнејата на претседателот на ЕС во земјите-членки на Унијата, а разговараа за низа теми меѓу кои и буџетот на ЕУ за периодот 2028 – 2034 година, за кој Кошта посочи дека следните месеци ќе бидат клучни и дека мора до крајот на годинава да се постигне договор, а детално се осврнаа и на геополитичките прашања. Во однос на Блискиот Исток, се согласуваме дека случувањата во регионот имаат импликации врз мирот и стабилноста на Европа.