Сопственикот на компанијата Алпак капитал, Педро Варгас Сантос Давид, денеска и официјално е запишан како директор… Сопственикот на компанијата Алпак капитал, Педро Варгас Сантос Давид, денеска и официјално е запишан како директор на сите независни медиуми членки на Јунајтед групата (United Group) во Србија. Како што може да се види во Агенцијата за стопански регистри (АПР), решенијата за именување на сопственикот на Алпак капитал се усвоени денеска, 17.08.2026 година. Редом беа сменети Михаило Јовиќевиќ, директор на порталот и весникот Нова, како и на неделникот Радар, потоа Александра Митиќ, директорка на фирмата Дан граф која е издавач на Данас, како и Брент Садлер од позицијата директор на Адрија њуз, односно Н1. Садлер е сменет и од позицијата директор на Адрија њуз Нова С, на која беше поставен неодамна.