Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот одбор на САД за безбедност во сообраќајот (NTSB). Во моторот биле пронајдени остатоци од птици, што укажува дека авионот можеби удрил во птици при полетувањето, при што дошло до оштетување на турбината. Шеесет и едногодишниот, Љубиша Каровиќ од Врњачка Бања, кој при кршењето на прозорецот речиси до појас бил исфрлен од авионот, се здобил со повреди на вратот и рамото, како и повреди од сигурносниот појас што спречил патникот целосно да испадне од авионот.