Рано утрово случување број еден во Њујорк беше враќањето на Рожер Федерер и двата егзибициски меча кои ги имаше некогашниот светски рекет број еден и петкратен освојувач на Ју-Ес Опен, но во ноќниот термин во САД, пристигна и информација која не влева голема надеж меѓу фановите на Новак Ѓоковиќ Србинот се мачеше со спарното и тешко време во Синсинати и со раната елиминација потврди дека има потешкотии да игра во такви услови, а сега го прекина и првиот спаринг меч кој го имаше закажано пред настапот на четвртиот грен слем во годината. Ѓоковиќ го прекинал спаринг мечот со Зизу Бергс после само 40 минути на теренот, и тоа во ситуација кога во тие моменти губел со 3:0 во гејмови. Според пишувањата на новинарите кои го следеле мечот, Новак не се здобил со некоја повреда и не станува збор за поголем проблем, но откажувањето на спаринг сесијата сепак отвора прашалници за кои набрзо ќе добиеме вистински одговор.