Димитар Христов (40), обвинет за транспорт на речиси 340 килограми дрога, останува во притвор, одлучи попладнево Окружниот суд во Бургас, Бугарија, јави Бугарската национална телевизија (БНТ). Кокаинот и марихуаната беа пронајдени во петокот во камионот управуван од Христов кога влегувал во Бургас од автопатот „Тракија“. Според истражителите, станува збор за 110 килограми кокаин и 230. Според истражителите, станува збор за 110 килограми кокаин и 230 килограми марихуана, во вкупна вредност од речиси 15 милиони евра по судски цени.