Во Приштина денеска се одржа „Маршот за слобода“ во поддршка на поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на кои им се суди пред Специјализираните совети на Косово во Хаг. На маршот учествуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој порача дека, според него, албанскиот народ го кажал својот став за четворицата обвинети. Маршот беше организиран од платформата „Слободата има име“, а учесниците носеа знамиња на ОВК и бараа правда и враќање на поранешните лидери во Косово.