Поранешниот пратеник од грчката неонацистичка Златна зора, Илијас Касидиарис, од партијата за која постои судска пресуда дека е криминална организација, денеска излезе од затвор откако помина седум години и ја издржа затворска казна, а пред затворот во Домокос во централна Грција го пречекаа неговите поддржувачи на кои им најави дека планира да се врати во Поранешниот пратеник од грчката неонацистичка Златна зора, Илијас Касидиарис, од партијата за која постои судска пресуда дека е криминална организација, денеска излезе од затвор откако помина седум години и ја издржа затворска казна, а пред затворот во Домокос во централна Грција го пречекаа неговите поддржувачи на кои им најави дека планира да се врати во политиката, јави дописничката на МИА од Атина. По излегувањето, пред затворот им се обрати на поддржувачите велејќи дека дал збор дека штом ја помине конкретната порта, нема само да се врати на слобода, „туку и во правите линии на националните борби“. Денеска се враќам и како што гледам, не сум сам.