Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги посети компаниите кои користат финансиска поддршка за инвестиции со цел да ги следи реализираните инвестиции и да поттикне зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашните компании преку законски мерки кои важат од 2026 година.
„Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги посети компаниите „Виталиа Никола“, „Полијестердеј“ и „ББ Континентал метал“, корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите . Посетата е дел од активностите на Министерството за економија и труд за следење на реализацијата на инвестициите и директна комуникација со компаниите кои ја користат државната поддршка за развој и унапредување на своето работење.