Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои ја плаќаат даночната обврска врз основа на паушално утврден нето-доход дека се воведени нови МПИН пресметки за придонеси согласно последните законски измени, со цел олеснување на административните обврски и унапредување на процесот на плаќање на данок и придонеси.
„Управата за јавни приходи ( УЈП ) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на генерирање на Месечните пресметки за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, согласно последните измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување . Со оваа законска измена значително се олеснува исполнувањето на обврските на паушалистите.
Следните денови сите регионални дирекции и даночни одделенија на УЈП ќе одржат средби со паушалисти од своја надлежност, а таква средба веќе беше одржана за скопскиот регион во соработка со Занаетчиската комора на Скопје.
„Од 1 јануари 2027 година УЈП на годишно ниво ќе изготви дванаесет месечни налози за плаќање на данок и придонеси кои ќе бидат поделени на занаетчиите заедно со решенијата за одобрување на паушално оданочување, а во текот на годината ќе се вршат корекции само во специфични случаи, како боледување, одјава и сл. За дополнителни информации, помош и поддршка во врска со МПИН пресметките и начинот на исполнување на обврските, самовработените лица – паушалисти можат да се обратат до Контакт центарот на Управата за јавни приходи.
Самовработените лица – паушалисти можат да бидат пријавени на полно или на скратено работно време согласно Законот за работните односи.
„Бројот на часови за кои лицето е пријавено во Агенцијата за вработување во моментов не влијае врз висината на основицата за придонесите – основицата се утврдува исклучиво врз основа на паушално утврдениот нето-доход, согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и (не се намалува или усогласува со бројот на пријавени часови за скратено работно време) не е поврзана со работни часови.
Податоците за боледувањето се внесуваат во системот е-Даночни услуги преку менито „Утврдување на боледувања кај паушал“ и се земаат предвид при генерирањето на МПИН пресметката.
„Користење на разни банкарски продукти Во однос на постапките за аплицирање за добиевање кредит од банка, самовработените лица – паушалисти кои остваруваат доход од самостојна дејност, како доказ за потврдување на кредитоспсобноста пред деловните банки, а согласно укажувањата на банките, може да користат: •годишната даночна пријава; уверение за остварен доход издадено од УЈП.