Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта.
Во време на брз технолошки развој, вештачка интелигенција и нови технологии, Божиновска нагласи дека технологијата сама по себе не е доволна – потребни се знаење, креативност и одговорност за таа да се претвори во вистинска иновација.
„Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта се организира веќе 18 години, а од 2009 година ко-организатори се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Машинскиот факултет – Скопје при УКИМ.
42 средношколски тимови пријавија свои иновативни зелени решенија, а повеќе од 60 наставници од Скопје, Охрид и Штип учествуваа во обуки поврзани со подготовката на натпреварот.
„Економија Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации Објавено пред 1 час - 24 септември, 2026 Од С В Министерката за енергетика, рударство и мин.