Почина Глигор Пандиловски - Гиц - музичар, извршен продуцент и познат скопски угостител, долгогодишен сопственик на култното кафуле „Чао“ . Гиц- како што го сите го знаеа беше градски човек, урбана скопска легенда, тапанар во седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години на некои од познатите скопски бендови како ВИС „Урагани“. Подоцна ќе му се посвети на угостителството отворајќи го култното скопско кафуле „Чао“ во ГТЦ во Скопје, кое со години ќе биде централното собиралиште на младите. Огромниот круг пријатели го познаваа како исклучително вреден, исполнителен, умешен, но и мирен и пријатен човек, вистински другар кога треба да се излезе во пресрет или помогне, мецена кој знаеше својот локал да им го отстапи на младите музичари за промоции, прес конференции, свирки, журки, забави...