Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 7.9.2026 година. Согласно ова, од полноќ максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50. Согласно ова, од полноќ максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50 (денари/литар); моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,50 (денари/литар), додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар). Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 109,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 48,243 (денари/килограм). Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.