Десетици рибари блокираа денеска складиште за нафта во Фо сир Мер, во департманот Буш де Рон, во знак на протест против зголемувањето на цените на горивата и влошувањето на условите за работа. Блокадата на излезот од нафтениот терминал започна утрово во три часот, а околу 50 цистерни останаа во застој, објави префектурата. Како што е наведено, не се пријавени инциденти.