„Нема контрадикција помеѓу растот на БДП и задолжувањето, меѓутоа важно е да се види што го… „Нема контрадикција помеѓу растот на БДП и задолжувањето, меѓутоа важно е да се види што го движи растот. Растот од 4,3% во значителен дел е поттикнат од зголемената потрошувачка. Притоа, дел од куповната моќ и економската активност се поддржани со задолжување, најчесто преку повисока јавна потрошувачка, буџетски дефицит и прилив на позајмени средства во економијата“, вели во разговор за „Локално“, поранешниот министер за финансии и познавач на состојбите, Кирил Миноски за темата околу најавеното ново задолжување на Владата и податоците на ДЗС за растот на Бруто-домашниот производ од 4,3%. Затоа, според него, не е доволно само да кажеме дека БДП расте 4,3%, туку треба да се види дали растот е резултат на поголема продуктивност, инвестиции и извоз или во најголем дел е резултат на потрошувачка поддржана со задолжување.