Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од годинава порасна за 4.3 % во однос на истиот период од 2025 година, објави државниот завод за статистика.
„Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21.9 % и од 5.1 % во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.