Производителот на челик и топловалани дебели челични лимови Макстил во првата половина од 2026 година остварил приходи од продажба од 66,8 милиони евра (4,1 милијарда денари), што е 5% помалку во споредба со истиот период минатата година, покажува неревидираниот финансиски извештај на компанијата објавен на Македонската берза. Извозот и натаму останува главен двигател на продажбите, Производителот на челик и топловалани дебели челични лимови Макстил во првата половина од 2026 година остварил приходи од продажба од 66,8 милиони евра (4,1 милијарда денари) , што е 5% помалку во споредба со истиот период минатата година, покажува неревидираниот финансиски извештај на компанијата објавен на Македонската берза. Извозот и натаму останува главен двигател на продажбите , со учество од околу 91% во вкупните приходи . Во периодот јануари – јуни приходите од извоз достигнале 60,9 милиони евра (3,74 милијарди денари) , што претставува намалување од 7% во однос на истиот период лани.