Компанијата Meta ги претстави новите очила за виртуелна реалност Meta VR Glasses, кои ќе чинат 1.299,99… Компанијата Meta ги претстави новите очила за виртуелна реалност Meta VR Glasses, кои ќе чинат 1.299,99 долари (околу 1.100 евра). Meta VR Glasses би требало да бидат достапни на пазарот во пролет 2027 година, а компанијата наведува дека тежат околу 100 грама, приближно колку еден шпил карти, пренесе CNBC. Процесорот и батеријата се сместени во посебен уред кој се поврзува со очилата, со што е намалена тежината на самите очила. Директорот на Meta, Марк Закерберг, изјави дека очилата се наменети за гледање филмови во 3D формат, играње видеоигри, следење спортски настани и за користење како виртуелен работен простор.