Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информира за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателката, станало збор за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информира за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателката, станало збор за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото.