Во контекст на Извештајот, Мемов рече дека во изминатите шест месеци има подобрување во остварувањето на работата на Фондот и особено во реализирањето на целта решавањето на предметите во законски утврдените рокови.
„Директорката на Секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи го образложи Полугодишниот извештај и рече дека во него се опфатени статистички податоци за остварените права од пензиското и инвалидско осигурување, финансиското работење на Фондот, општествениот стандард на корисниците на пензија, како и за остварените резултати при спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување во периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година.
Според податоците во полугодишниот извештај, бројот на корисници на пензии во периодот јануари – јуни 2026 година е зголемен за 1.876 лица, а за посмртна помош на семејствата на 8.189 починати корисници на пензија Фондот има исплатено средства во висина од 317.621,360 денари.
„„Управниот одбор на Фондот на седницата ја разгледа и информацијата за усогласувањето на пензиите и достигнатото ниво на пензиските примања во 2026 година, информацијата за достасаното ниво на развојот на ИТ-системот и достигнатото ниво на автоматизација на деловните процеси и сервиси во 2025 година, како и други информации од негова надлежност“ – се додава во соопштението.