Новите европски споредбени податоци повторно покажуваат дека македонските работници се меѓу најниско платените во Европа, вели… Новите европски споредбени податоци повторно покажуваат дека македонските работници се меѓу најниско платените во Европа, вели во изјава за „Локално“, Слободан Трендафилов , претседател на ССМ. Според висината на бруто минималната плата, Македонија со 624 евра, односно околу 421 евро нето, се наоѓа речиси на самото дно на европската листа. За споредба, минималната плата во Србија изнесува 743 евра бруто, во Црна Гора 670 евра, во Хрватска околу 1.050 евра, додека во Словенија и Луксембург е значително повисока, посочува Трендафилов.