Согласно одлуката, Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран даночен режим, врз основа на одредбите од ставовите 6 и 7 на член 65 од Законот 4172/2013, за даночната 2024 година“ е објавена во Службен весник на Грција и потпишана од министерот и заменик-министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис и Димитрис Маркопулос.
„Согласно одлуката, грчкото министерство како држави кои имаат „привилегиран даночен режим“ ги определува оние држави во кои „правното лице или правниот субјект подлежи на данок на добивка, приходи или капитал, чија даночна стапка е еднаква или пониска од 60 отсто од даночната стапка на правните лица и правните субјекти што би ги должеле согласно одредбите на грчкото даночно законодавство“, доколку тие би биле даночни резиденти или би имале постојана деловна активност во Грција.