Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници… Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент.
„Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%. Податоците на Евростат покажуваат дека во 2025 година, 16,5% од луѓето на 16 години или постари во ЕУ користеле тутун и сродни производи (електронски цигари, никотински кесички или загреани тутунски производи) дневно, што укажува на мало намалување од 17,5% регистрирани во 2022 година.
По возрасни групи, најголем удел на дневни корисници на тутун и сродни производи имало во групата од 35 до 49 години (21,3%), по што следувале оние на возраст од 25-34 години (19,9%) и 50-64 години (19,8%). Најмладите и најстарите возрасни групи имаа најниски удели, од 12,1% и 9,1%, соодветно.
„Податоците на Евростат покажуваат дека повеќето луѓе (77,5%) не користат такви производи или не ги користеле во последните 12 месеци пред собирањето на податоците.