Сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, Амал, како и секогаш, го привлече вниманието на сите кога се појави во Венеција, каде што вечерва ќе се отвори филмскиот фестивал. Вечерва започнува 83-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција , кој ќе трае до 12 септември, и иако сè уште чекаме да видиме што ни подготвија познатите дами на црвениот тепих, мора да признаеме дека Амал Клуни веќе ни покажа модно издание кое ќе го паметиме. Познатата адвокатка за човекови права пристигна во Венеција со својот сопруг и актер Џорџ Клуни , а за традиционалното возење со такси-брод, таа избра облека што фантастично ги комбинира летната лежерност и елеганцијата.