Кога се работи за нивниот труд и приход, институциите мора да постапуваат навремено, координирано и одлучно“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви мерки и одлуки кои се насочени кон интензивирање на откупот на винското грозје од сортата вранец, заштита на сточниот фонд, олеснување на субвенциите и проверка на почитувањето на законските правила на пазарот.
Од овие средства, 553,48 милиони денари или околу девет милиони евра се наменети за откуп на винско грозје од сортата вранец, додека 240 милиони денари или околу 3,9 милиони евра се предвидени за откуп на оризова арпа.
„На барање на винарските визби ќе ги олесниме условите за користење на овие средства за откуп на вранец.