Во првата половина од 2026 година, најскапо платениот стан во Србија изнесувал 2,6 милиони евра (Белград/општина Стари Град), каде воедно и најскапиот квадратен метар – 12.000 евра, објави денеска српскиот Републичкиот геодетски завод (РГЗ). Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски Венац, за 2,1 милион евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 77.000 евра, на територијата на Стари Град. Пазарот на недвижности во Србија во првата половина од годината вредел 4,2 милијарди евра, што претставува раст од 10,1 процент во споредба со првата половина од 2025 година, а бројот на договори за продажба изнесувал 61.343, односно 0,2 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во овој период, исто така, се забележува продолжување на умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,25 проценти, се вели во соопштението.