Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст … Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава. Министерката посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии. „Од раст од 1,6% во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила.