Компанијата TESSA Energy, членка на групацијата TESSA Group, денеска и официјално ги пушти во употреба новите когенеративни капацитети во Скопје, со инсталирана електрична моќност од 2,1 MW и топлинска моќност од 2,6 MW. Инвестицијата во вредност од 2,5 милиони евра претставува прва фаза од поширок инвестициски циклус за модернизација на поранешната „Топлана Скопје Север“ и нејзина трансформација во современ центар … Компанијата TESSA Energy, членка на групацијата TESSA Group, денеска и официјално ги пушти во употреба новите когенеративни капацитети во Скопје, со инсталирана електрична моќност од 2,1 MW и топлинска моќност од 2,6 MW. Инвестицијата во вредност од 2,5 милиони евра претставува прва фаза од поширок инвестициски циклус за модернизација на поранешната „Топлана Скопје Север“ и нејзина трансформација во современ центар за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија. Новата постројка е опремена со две современи високоефикасни генератори кои истовремено произведуваат електрична и топлинска енергија. Оваа комбинирана технологија овозможува ефикасно користење на природниот гас како гориво, пониски производствени трошоци, намалени емисии на јаглерод диоксид и уште посигурно снабдување со топлинска и електрична енергија за корисниците.