Многу иновативни методи во компаниите за подобрување на конкурентноста на домашниот и на странскиот пазар, поврзување со странски компании, нудат двата јавни повици на Министерството за економија и труд, на кои компаниите имаат можност до утре да се пријават. Едниот е за продлабочување на соработката на компаниите со универзитетите за технолошки развој, а другиот за повисоки стандарди во работењето и поголема конкурентност. За првиот повик буџетот е 5, а за вториот - 2 милиона денари.