„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку би била реалната цена нафтата, доколку Владата не ја донесе одлуката за намалување на данокот на додадена вредност, изјави: „Доколку не се донесеше оваа одлука и претходните одлуки за намалување на акцизата, еве на пример цената на дизел горивото ќе беше за отприлика 11-11,5 денари поскапа по литар, од ова што е денеска.