Голдман Сакс сега очекува зголемување на каматите на ФЕД за 25 базни поени уште оваа недела. Пазарот му дава околу 87 проценти веројатност на ваквиот исход, иако до пред неколку дена мнозинството економисти сметаа дека каматите ќе останат непроменети. Промената се случи речиси во текот на викендот.