Македонската царина доби современа опрема и возила кои ќе се користат за спречување на нелегалната трговија и за поддршка на трговијата. Евроамбасадорот Рокас рече дека се одвоени четири милиони евра за четири проекти во рамки на програмата „ЕУ против организираниот криминал во поддршка на трговијата“. Тој потсети дека Царинскиот терминал Табановце бил изграден со средства на ЕУ. „Денешниот настан доаѓа во вистинско време, затоа што оваа есен ќе ја започнеме новата кампања на ЕУ, фокусирана на транспортот, како и на поврзаноста.