Македонската царина доби современа опрема и возила кои ќе се користат за… Македонската царина доби современа опрема и возила кои ќе се користат за спречување на нелегалната трговија и за поддршка на трговијата. Денеска на царинскиот терминал Табановце пред претседателот на Владата Христијан Мицкоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас беа презентирани резултатите од реализацијата на Акцискиот документ, со кој е обезбедена поддршка за модернизација и унапредување на оперативните и технолошките капацитети на Царинската управа. Опремата е во вредност од четири милиони евра.