Доставување предлог за воспоставување транспарентен и временски определен механизам за пресметување и… Доставување предлог за воспоставување транспарентен и временски определен механизам за пресметување и објавување на процентот на усогласување на пензиите согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување Почитувани, Партијата на пензионери, поаѓајќи од потребата за доследна примена на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, обезбедување правна сигурност и транспарентност во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување, како и од потребата пензионерите навремено и точно да бидат информирани за висината и начинот на пресметување на законското усогласување на пензиите, до Управниот одбор на Фондот го доставува следниот: ПРЕДЛОГ. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, по обезбедувањето на официјалните статистички податоци потребни за примена на член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, да ја изврши пресметката на процентот на усогласување и веднаш по завршувањето на пресметката, а најдоцна во рок од три работни дена, да го објави официјално пресметаниот процент на усогласување, заедно со податоците и пресметката врз основа на кои е добиен резултатот, се вели во соопштението од Партијата на пензионери кое мИА го објавува интегрално. I. Законската природа на усогласувањето.