Данскиот производител на играчки „ЛЕГО“ во првите шест месеци од 2026 година остварил рекордни приходи од 41,9 милијарди дански круни (5,6 милијарди евра), што претставува раст од 21 отсто во однос на минатата година. Со тоа, добивката на компанијата пораснала за 22 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 10,9 милијарди дански круни, т.е приближно 1,46 милијарди евра, информираше „Си-ен-би-си (CNBC). - Многу сме задоволни од силниот почеток на 2026 година и од возбудата што го следи брендот „ЛЕГО“. Нашиот успех ни овозможува да продолжиме со вложување за уште поголем раст и одржливост, изјави генералниот директор на компанијата, Нилс Б. Кристијансен.