Фотоволтаичните панели, како и проектите за нивно поставување, се обезбедени како донација, додек. Фотоволтаичните панели, како и проектите за нивно поставување, се обезбедени како донација, додека останатиот потребен материјал е обезбеден од Буџетот на Општина Кавадарци, преку спроведена јавна набавка. Активностите опфаќаат вкупно 12 локации, меѓу кои повеќе објекти на ЈОУДГ „Рада Поцева“ – „Гроздоберче“, „Снежана“, „Детелинка“, „Изворче“ и „Сонце“, како и Библиотеката „Феткин“, Домот на култура ,,Иван Мазов Климе'' зградата на Општина Кавадарци, „ООУ Димката Ангелов Габер“, СОУ „Киро Спанџов – Брко“, Основен суд Кавадарци и ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.