Германија планира да воведе обемен пакет мерки за зајакнување на одбраната од напади со дронови, сајбер-напади… Германија планира да воведе обемен пакет мерки за зајакнување на одбраната од напади со дронови, сајбер-напади и други форми на саботажа од Русија, изјави денес портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи. Според портпаролот, капацитетите на мобилната одбрана на полицијата ќе бидат проширени за да вклучат брзо распоредливи единици против беспилотни летала стационирани во градовите за заштита на воздушниот простор над критичните транспортни центри и владини области, објавува Ројтерс. Како дел од мерките, се предвидува компаниите што управуваат со клучни инфраструктури, како што се енергетските компании и производителите на одбранбена опрема, да добијат законско овластување не само да детектираат беспилотни летала, туку и активно да ги бранат.