Американската Управа за енергетски информации (ЕИА) ги подигна прогнозите за цените на нафтата за 2026 година,… Американската Управа за енергетски информации (ЕИА) ги подигна прогнозите за цените на нафтата за 2026 година, наведувајќи дека глобалните залихи на сурова нафта зачестено се намалуваат поради големите прекини во снабдувањето предизвикани од војната меѓу САД и Иран. ЕИА сега очекува цената на северноморската нафта „Брент“ во просек оваа година да изнесува 91 долар за барел, што е речиси пет проценти повеќе во однос на претходната прогноза, пренесе „Ројтерс“. Прогнозата за американската сурова нафта „WTI“ исто така е подигната за речиси пет проценти, на просечни 84,65 долари за барел.