Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години. Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), како и во Шпанија и Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), како и во Шпанија и Италија (и двете по 30,2). Спротивно на тоа, најрано си заминуваат во Финска (21,4 години), Данска (21,8) и во Естонија и Литванија (и двете по 22,7). Евростат забележува дека насекаде низ Европа има тенденција на подолго останување на младите во домовите на родителите, а тоа го поврзува со стапката на нивната вработеност. Во 2025 година, стапката на вработеност кај младите на возраст од 20 до 29 години во ЕУ изнесувала 65,5%. Во повеќето земји каде што возраста на која младите го напуштаат родителскиот дом е под просекот на ЕУ, стапката на вработеност за лицата на возраст од 20 до 29 години е над просекот на ЕУ. На пример, во земјите каде што младите имаат тенденција порано да го напуштаат родителскиот дом, како што се Холандија, Данска, Германија и Шведска, стапката на вработеност кај младите е повисока.