Веселата математика на власта не ги полни фрижидерите, изјавија од опозициската СДСМ според која на граѓаните… Веселата математика на власта не ги полни фрижидерите, изјавија од опозициската СДСМ според која на граѓаните не им е потребна статистика за да знаат дека им е намален животниот стандард. Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% , а пензиите за 325%, Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти, соопшти СДСМ. Според опозицијата за падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници.