Грчката полиција издаде вонредно известување за сите возачи: ноќеска ќе има целосен прекин на сообраќајот на дел од обиколницата околу Солун, на лентата што води во насока кон западниот дел од градот, граничниот премин Богородица (Евзони) и Македонија, објавија во групата Грчка инфо. Според информациите од сообраќајните служби, затворањето ќе се реализира ноќеска (среда, 19 август) Грчката полиција издаде вонредно известување за сите возачи: ноќеска ќе има целосен прекин на сообраќајот на дел од обиколницата околу Солун, на лентата што води во насока кон западниот дел од градот, граничниот премин Богородица (Евзони) и Македонија, објавија во групата Грчка инфо. Според информациите од сообраќајните служби, затворањето ќе се реализира ноќеска (среда, 19 август) во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот наутро . За време на шестчасовната блокада, сообраќајот ќе се пренасочува низ споредните и локалните градски улици, што може да предизвика забавување и зголемен метеж.