Ingram Micro во овој дел од Европа не е само најголемиот ИТ дистрибутер, туку е и регионален лидер што работи од повеќе канцеларии, меѓу кои и Скопје, со над 180 вработени и со тимови распоредени низ повеќе земји. Да се води таква организација во момент кога компанијата се трансформира од класичен дистрибутер во бизнис платформа, а истовремено да се задржи лидерската позиција пред глобална конкуренција за талент, бара поинаков вид менаџмент. Филип Силјановски, кој го предводи присуството на компанијата во Македонија, Албанија и Косово, говори за Курир за тоа како се водат промени во успешна компанија, зошто најдобриот тим се гради по проект, и што значи да се биде лидер на пазарот кога зад тебе стои портфолио како Cisco, Microsoft, Check Point, Dell и останатите светски имиња.